Цуцуловски: Чудно е како бугарските власти и интелектуалци ништо не научија од историјата

Фејсбук објава на професорот Љубомир Цуцуловски:

ШТО ИМ БЕШЕ? Што им беше на бугарските власти есента 1946 година, при здрава памет и чиста совест, да дозволат моштите на Делчев да бидат пренесени од Бугарија во Македонија? Притоа, ковчегот да го помине патот од Софија до Скопје, минувајќи низ повеќе градови и села во Пиринска Македонија, проследен со длабока народна почит и респект како кон еден од најголемите македонски револуционери. Сега, како „европеизирана“ земја, вообразувајќи си дека е многу моќна, Бугарија повторно ја негира македонска припадност на Делчев. Во голем занес, „европеизираната“ Бугарија, повторно го заборава своето минато: дека како фашистичка земја потпиша (пред силите на СССР/Црвената армија) безусловна капитулација на 9. септември 1944 година. Претходно (1943/1944), повторно како фашистичка земја, беше бомбардирана од Сојузничката авијација на САД и Обединетото Кралство. Денес, без какво и да е достоинство и срам, сеедно што на 13.12.1941 им објави војна (ни повеќе, ни помалку) и на Америка и на Кралството, е во братска прегратка со Америка, макар што речиси до скоро беше во братска прегратка со СССР. Само малку претходно, со Нацистичка Германија. Чудно е како бугарските власти и интелектуалци никогаш и ништо не научија од историјата, пишува на Фејсбук, професорот Љубомир Цуцуловски.