Цуцуловски: Она што власта сака да го направи со предметот историја се навредува самата себе

Проф. Д-р Љубомир Цуцуловски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за реформите во образованието поточно за предметот историја и посочи дека со овој потег властите се навредуваат самите себе мислејќи дека ќе ги излажат граѓаните. Тој посочи дека граѓаните многу добро знаат што се случува со овој потег.

-Мислам дека етимолошки зборот образование како да го има во себе и зборот образ, така што преку образованието се создаваат одредени образи и во таа смисла дека ова не е случајно. За историјата иако мене ми се чини дека нема потреба да се коментира бидејќи работите сами по себе се јасни сепак човек не може да не проговори за нив. Мене воопшто не ме интерсира дали овој модел постои во други земји и други училишта. Мене не тангира или итересира кој е ефектот на ваквиот начин на образование. Јас мислам дека со овој потег власите се навредуваат самите себе најпрво верувајќи дека ќе ги излажат граѓаните, значи тие немаат самосвест за свеста на народот. Народот точно знае што се случува. Тие мислејки дека ќе го навредат народот или ќе му нанесат некое зло фактички се потценуваат самите себе, рече Цуцуловски.