Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” на ТВ Алфа гостуваше универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој зборуваше за предложениот полициски час од страна на министерот Филипче, одлуката на Заев за широка Влада, како и за другите владини политики.
Цуцуловски потенцираше дека она гласање на доверба на Владата била тотално фијаско, бидејќи по само три дена Заев понуди широка Влада, односно Влада за национален спас со ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тој знае дека неговото место не е ни малку стабилно и токму поради тоа нуди таква опција, за да ја спаси сопствената политичка позиција и одговорноста која што треба да се сноси, да се подели и со другите партии.
Ниту еден лидер никогаш не нуди соработка на опозицијата, доколку тој навистина ужива доверба и неговата позиција е стабилна. Понудата кон ВМРО-ДПМНЕ и другите партии е сламка за спас на Зоран Заев, бидејќи одговорноста која што тој треба сам да ја сноси е премногу голема и може да се нарече како “камиказа’ политика.
“Зоран Заев е доволно свесен да знае во какви се преговори и пазарења бил инволвиран изминатиот период. На неговиот грб натежнуваат премногу тешки работи како уставното име, договорите со Грција и Бугарија, како и внатрешните работи кои што не наидуваат на одобрување кај мнозинството од граѓаните. Токму затоа, Заев сака широка Влада која ќе му овозможи изнаоѓање алиби за избегнување на одговорноста, која што засега не наидува на позитивен импулс ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од другите политички партии”, додаде Цуцуловски.
„Зоран Заев е човекот кој го разедини народот, без оглед на етничката припадност на граѓаните. Тој допре до најсветото, а тоа е уставното име. А кога станува збор за уставното име, граѓаните за тоа зборуваат со посебна емоција и емпатија кон истото. Заев знае дека направи преголеми грешки кои ќе го чинат навистина многу и иако пробува одговорноста да ја подели на повеќе делови, тоа нема да му успее. Факт е дека ќе мора сам да се соочи со сите порази кои го очекуваат“, заврши Цуцуловски,