ЦУК: Производствените капацитети во кризните региони од денеска ќе можат да ги изнесуваат своите производи

Производствените капацитети во Дебар и Центар Жупа од денеска ќе можат да ги изнесуваат своите производи надвор од кризното подрачје, информираше денеска на прес-конференција диреккторот на Центарот за управување со кризи ЦУК Агрон Буџаку.

– Во Кризното подрачје Дебар и Центар Жупа, неколку пати повторените потреби за производствени капацитети кои не смеат да излезат по одлуката од акциониот план , а во меѓу време од Владата беше дозволено гигантот за гипс Кнауф да може да излезе, денеска се дозволи сите производтвени капацитети од Дебар и Жупа да имаат прво по специјален протокол да извезат продукти, истакна Буџаку.

Директорт на ЦУК инфорираше дека  до Главниот кризен штаб и Министерството за здравство доставиле барање за два респиратори во општините Дебар и Центар Жупа.

-Имаме конкретно барање што ние го доставивме до министерот за здравство, дека во Дебар и Центар Жупа се потребни респиратори, бидејќи во момент на влошување на состојбата на пациентите, ова е медицинско помагало кое во случај на животна опасност ќе ги спаси овие пациенти, појасни денеска Буџаку.