Укринската страна ги предимензионира поплавите настанати од уривањето на браната Каховка, а јужниот тек на реката Дњепар веројатно ќе се врати во своето корито до 16-ти јуни изјави во саботата гувернерот на руските власти на Херсонската област, Владимир Солдо.
Поплавата ги погоди градовите и селата под браната, повеќето на тетриторијата којашто ја контролираат Русите, уништиувајќи цеки куќи на двата брега на реката, којашто ја раздвојува Херсонската област на два дела, помалиот кој е под украинска и поголемиот кој е под руска контрола и каде мнозинското руско и рускојазично население ланскиот септември на референдум кој не го признава Киев и меѓународната заедница се репи за присоединување на Русија.
Владимир Солдо, привремениот гувернер на Херсонската област под контрола на Русија, изјави дека водстојот на надојдената вода во Нова Каховка, градот веднаш под оштетената брана Каховка, се намалил за три метра од вторникот кога го достигнал највисокото ниво.
„Испумпувањето на водата и расчистувањето на наносите и сметот од улиците веќе започнаа“, изјави Солдо додавајќи дека повеќе од 6.000 луѓе се евакуирани од поплавените делови на Нова Каховк,а кко и од градовите Олешка и Гола Пристањ, кои се наоѓаат блузи устието на реката.
Додаде дека прелиминарните пресметки на рускиот произведувач на електрична енергија укажуваат дека реката Дњепар под оштетената централа ќе се врати во својот вообичаен тек до 16-ти јуни.
Салдо, исто така, ја обвини украинската војска за гранатирање на привремените засолништа на цивилите раселени поради поплавата, за гранатирање на местата на закажаната евакуација, како и за гранатирање врз камп за одмор на деца. Според него во тие ракетирања загинала една жена, и притоа објави на Telegram фотографија од уништена зграда за која вели дека е хотел за сместување на евакуираните цивили.
Киев, без многу логика, ја обвини Москва дека самата ја оштетила браната на хидроцентралата којашто инаку е под контрола на руската војска уште од првите денови на инвазијата кон крајот на февруари минатата 2022 година. Москва потсети на изјавите на украинските команданти и пишувањата на западните медиуми од минатата есен, кои говореа дека браната Каховка е гранатирана од украинската војска со цел да се поплават руските единици и воена опрема кои се во Херсонската област и обвините дека сегашното оштетување е резултат на континуираните обиди на Киев, да го остави црноморскиот полуостров Крим присоединет во 2014-та без вода и да ја прекине неговата копнена поврзаност со териториите под руска контрола и директно со Русија.