Сите бевме шокирани од високата смртност и релативно пониската возраст на починатите во Македонија во однос на голем број други држави.
Голем дел од причините сигурно и самите ги знаете, ама овде ќе елаборирам еден малку занемарен, ама можеби во наши услови предусен фактор за овие несакани рекорди, пишува на фејсбук д-р Нико Беќаровски.
Дали овие денови сте прошетале низ охридски плажи, да го видите нашето население во костими за капење и да видите со што се хранат седејќи под чадорите за сонце???
Дали сте се запрашале што имаме ние заедничко со Американците, зошто и тие како и ние имаат голема смртност???
Одговорот е едноставен дебелината од погрешната исхрана. За жал сите нови истражувања, посебно кај младата популација покажуваат застрашувачки вредности на BMI (body mass index), како репер за екстремната обезноста на нашето население.
Но, зошто сето ова е важно за исходот на ковид-19?
Дури и лаиците за медицина веќе го слушнале изразот „цитокинска бура“ како застрашувачки израз кој често претходи на смртта кај овие болни. Таа всушност претставува ослободување на огромно количество #цитокини кои се ослободуваат како резултат на воспалителните процеси во организмот. Денес е познато дека колку повеќе имаме масно ткиво толку повеќе има хронични воспалителни процеси во организмот. Т-bet генот се смета за одговорен за продукција на цитокин (Th1) кој предизвикува воспаление, а количеството на овој ген е правопропорционално со количеството на масно ткиво во организмот.
Што може да направиме?
Секако дека идеално би било да ја регулираме телесната тежина и тоа мора да биде главна цел, посебно за младите девојки кои утре треба да имаат и потомство. Сепак тој процес е долготраен, а нас вирусот може да не “стигне” секој ден.
Ако не може да го намалиме количеството на масно ткиво преку ноќ, можеме ли некако да ја намалиме експресијата на Т-bet генот ???
Решението е едноставно, здрава храна (свежо овошје и #еленчук) и пробиотици.
Пробиотиците ги има во јогуртот (пред се козјиот), кефирот, црното чоколадо, чајот од комбуха, старите сирења, пред се гауда и чедар…
А лубеницата, дињата, сливите, праските, доматот, пиперката, краставицата, нека ги заменат хамбургерите, пицата, кечапот, мајонезот, помфритот, еурокремот, чипсот…, пишува д-р Беќаровски.