![nenad lazarov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/nenad-lazarov.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров преку својот Фејсбук уптати неколку препораки со цел да се заштитат граѓаните од ширењето на новиот сој на ковид-19, омикрон.
– Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата. Се шири АЕРОГЕНО и десетици пати поуспешно од претходните варијанти, особено заради развиената способност да се задржи во воздухот подолго. Најзаштитена категорија се луѓето со 3 дози на вакцина. За тежина на болест е рано да се зборува, најверојатно е полесна слика но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразен повторно ќе генерираат огромен број хоспитализации. Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хируршки маски, шалови, бандани и др. мандани – пишува тој.
Според него треа да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено, како и децата да бидат на продолжен распуст и онлајн настава додека не стане јасна ситуацијата.
– Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош – напиша Лазаров.