Да ја обновиме надежта, за заедничка среќа! Да ја кренеме Македонија на нозе!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати видео-порака преку Фејсбук до македонскиот народ за претседателските избори насловена како „Да ја обновиме надежта, за заедничка среќа“.

„Овој народ, оваа Македонија има сила да биде држава каква што сите заслужуваме.

🇲🇰 Затоа што Македонија е нашиот дом!

🇲🇰 Затоа што Македонија е нашата татковина!

🇲🇰 Затоа што Македонија заслужува најдобро!

Одиме на убедлива победа. Да ја кренеме Македонија на нозе. Македонија која е твоја. Наша. Заедничка.

Главите горе! Да ја обновиме надежта, за заедничка среќа. Доаѓаат реформи, големи одлуки. Луѓе со интегритет“, стои во неговиот пост на Фејсбук.