ДА за Европеизација, НЕ за Бугаризација – се гледаме на барикадите!

КАТЕГОРИЧНО сум ПРОТИВ предлогот на владата за бугаризација на македонскиот идентитет, јазик, историја и традиција. ЖЕСТОКО ќе се борам во Собранието овој срамен предлог да не помине, истакнува пратеникот Љупчо Пренџов.

„Македонската држава и  народ не се, и нема да дозволиме да бидат паричка за поткусурување во балканските византиски игри.

Македонија и Македонците ниту се, ниту ќе дозволиме да бидат дрво без корен.

Македонија и сите граѓани кои живееме  во  неа, нема да дозволиме да бидеме “заморчиња” на великобугарската аспирација.

”Романтичната” бугарска историографија нека си ја чуваат “за по дома”

Бараме европски вредности. Бараме фер шанса.

ДА ЗА ЕВРОПЕИЗАЦИЈА

НЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈА

Почитувани пријатели, СЕ ГЛЕДАМЕ НА БАРИКАДИТЕ!!!

-утре 19 часот пред Влада„ – порачува тој!