![harden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/harden.jpg?resize=668%2C443&ssl=1)
Филаделфија ја совлада Индијана со 120:106 ноќеска во натпреварот одигран во „Велс Фарго Центар“ пред 20 илјади гледачи. Предводник во триумфот на домаќините беше Џејмс Харден со 29 поени и 11 асистенции.
Ова беше прва победа за Сиксерси во новата НБА-сезона која ја почнаа со три порази по ред.
Резултати на другите натпревари одиграни ноќта понеделник кон вторник:
Мајами – Торонто 90:98
Њујорк – Орландо 115:102
Чикаго – Бостон 120:102
Хјустон – Јута 114:108
Мемфис – Бруклин 134:124
Минесота – Сан Антонио 106:115
Портланд – Денвер 135:110.