Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денеска ќе биде во официјална посета на Бугaрија каде ќе разговара со претседателот Росен Плевнелиев и премиерот Пламен Орешарски.
Дачиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Бугарија, Михаил Миков и претседателот на Бугарската социјалистичка партија Сергеј Станишев.
Бугарската новинска агенција БТА, Дачиќ прво ќе разговара тет-а-тет со бугарскиот колега Орешарски, по што ќе следи пленарна седница на делегации од двете земји.