
Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, во обраќање пред повеќе од стотина граѓани насобрани на главниот градски плоштад во Димитровград рекол дека сега е време за градење на добри и толерантни односи.
„Балканот е составен од два балкански збора Бал-Кан, што значи крв и мед. Доста беше крв, време е за мед“, рекол српсиот премиер.
Тој се осврнал на грешките со војните од минатото кои што оставија длабоки траги во животот на многу луѓе.
„Не бевме секогаш паметни во историјата, а денеска сакам нашите деца повеќе никогаш да не војуваат, туку заеднички да отвораат фабрики“, рекол Дачиќ на отворањето на споменик на бугарскиот револуционер Васил Левски во Димитровград.