Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ за Б92 изјавил дека е праведно да биде решено убиството на Славко Чурувија, укажувајќи дека за тоа не постои ниту една политичка препрека и потсетил дека и премиерот Зоран Ѓинѓиќ го убиле луѓе кои работеле во државните институтции.
„Изгубивме 14 години вртејќи во круг“, вели Дачиќ и напоменал дека кој и да е одговорен за тој чин нема да биде ослободен од одговорност.
„Државата го уби и Зоран Ѓинѓиќ. Тоа го сториле луѓе од државните органи“, вели Дачиќ.
Јас не бев дел од државната власт во тој период, вели Дачиќ кој не одговорил на прашањето дали Слободан Милошевиќ дал налог за убиството на Чурувија.