Дачиќ: Историски настан за Србија

Усвојувањето на преговарачката рамка и заклучокот на Министерскиот совет на Европската унија дека Србија дефинитивно преговорите ги започнува во јануари, претставува историски настан за земјата, рекол премиерот Ивица Дачиќ.

Тој упатил благодарност до сите претставници на Владата на трудот и одговорноста на највисоко ниво, за да се доживее овој историски ден.

„Ова е историски настан за Србија, ден кој го чекаа многу генерации, а беше политичка цел на многу политички гарнитури и многу влади претходно“, рекол српскиот премиер.

Според Дачиќ, оваа влада успеала да ја оствари оваа историска цел, додавајќи дека тоа е крај на еден многу тежок почеток.