
Претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ порача дека успешната реализација на рускиот кредит за модернизација на железницата во Србија е показател за братските и пријателските односи, но и чекор понапред во воспоставување на се поблиски економски врски меѓу двете држави кои ќе допринесе за севкупен општестевн развој во Србија.
Дачиќ на церемонијата на отворањето на работата на изградбата и електрификација на вториот железнички колосек од Панчевски мост до Панчево, кој се финансира со руски кредит потстети дека ова е само еден од проектите кои заеднички ги реализираат Србија и Руската федерација, истакнувајќи дека е горд поради тоа што за време на мандатот неговата влада започна и изградба на гасовод на Јужен тек.
„Ќе продолжиме со сите проекти кои ги започнавме со Руската федерација и сакаме нови.Затоа сакам овие работи да се завршат во рок и да биде уште еден показател за нашата успешна соработка и развој на братските и пријателските односи,“ изјави Дачиќ