
Дадлката од Узбекистан, која брутално уби 4-годишно девојче а потоа со главата на детето во рацете се движеше низ улиците на Москва, денес се појави на суд, а пред рочиштето пред новинарите рече дека „Алах и’ наредил“ да го направи тоа, пренесува „Раша Тудеј“.
Гулчихера Бобокулова, 38-годишната мајка на три сина, кога била прашана дали ќе ја прифати вината, таа истото го потврдила.
Таа беше уапсена во понеделникот, а руските власти соопштија дека таа страда од психички проблеми. Истрагата истовремено соопшти дека дадилката не дејствувала сама и дека оние што ја поттикнале на злосторството треба да бидат идентификувани.

Истрагата вели дека убиеното девојче е Настја М, која била на возраст од 4 години и дека дадилката ја убила во станот на нејзиното семејство во Москва, а потоа го запалила станот и побегнала.
Тие велат дека Бобокулова чекала родителите на детето да заминат од станот со постарото дете, за потоа да го изврши убиството и да го запали станот. Убиеното девојче, за кое што медиумите наведуваат дека имала пречки во развојот имала 15 годишен брат, а дадилката за семејството работела последните 18 месеци.