Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за вноредната состојба, уредбите од владата беа наменети за други цели

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „24 анализа“ на ТВ 24 потврди дека нејзината партија нема да гласа за вонредната состојба. Но, после прогласените уредби виделе дека голем дел од уредбите донесени од владата биле наменети за други цели и немало ефекти.

„Голем дел од уредбите беа наменети за други цели и затоа денес се наоѓаме во упште поголема длабока здравствена и економска криза кои ќе се продлабочуваат. Затоа и јавно излеговме со став дека нема да гласаме за овие уредби, зошто не донесоа ништо позитивно.“ – рече Стојановска.

Таа потенцираше дека здравството колабира и дека Заев остварил ништо од ветеното. Таа се согласува дека имало критична состојба која морала да се реши. Таа потенцираше дека за првата уредба биле консултирани од претседателот, а за другите не. И затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за првата уредба, ниту за другите.