Најстрога казна за обвинетите, побара Дафинка Ивановска, адвокат на семејството на убиениот Кире Тричковски во случајот Монструм. Ивановска во своите завршни зборови рече и дека обвинетите со умисла го сториле делото на 12.04.2012 година.
На судиите им порача дека нивна обврска, кон семејството на убиениот Кире Тричковски, но и кон целата јавност е да дадат одговор што точно се случило пред речиси 9 години кај Смилковското езеро. Адвокатката порача дека душевната болка на семејството е голема и никогаш ништо нема да може да им ја надомести.
Адвокатот Насер Рауфи кој застапува дел од обвинетите во завршни зборови истакна дека е убеден оти овој случај е исконструиран. Ги оспори доказите на обвинителството и самото обвинение. Рауфи рече и дека е разочаран затоа што обвинителката Фатиме Фетаи побарала најстроги за обвинетите. Инаку пред судот поради можност од нови протести за случајот Монструм има засилено полициско обезбедување.