„Dailysignal“: Време е да му се стави крај на амбасадорот кој го назначи Обама, а си поигрува со македонската политика

Македонија има население помалку и од Квинс, а приближно е со големина на Вермонт, државата е заглавена во јужниот дел на Балканот притисната помеѓу непријателски настроената Грција и понекогаш реваншистичката Албанија и Бугарија, пишува весникот.

Овие денови некои членови на Конгресот мора да го прашаат америанскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли да ги објасни извештаите дека тој не ја малтретира земјата и дека тој не дејствува на политичките партии во формирањето на „Црвено-зелената“ коалиција на левичарските и исламистичките партии. Истите овие луѓе сакаат да знаат дали амбасадорот извлекувал пари од американската влада за формирање на групи основани од милијардерот и левичарски активист Џорџ Сорос.

Членовите на Преставничките домови и Сенатот испратија писма до амабасадорот во Скопје, главниот град на Македонија на 17 јануари и му дадоа рок од две недели да им даде одговор.

Тони Перкинс, претседателот на про-традиционалните вредности на истражувачкиот совет, исто така има преземено голем интерес околу ова прашање.

-Додека целите на САД за Македонија се во врска со инвестирање во демократијата,  Стејт департментот започна фаворизирање на партии со долги партнерства на организациите на Сорос од 2012 година, сепак овие организации се декларираат како демократски, а наместо демократија тие се залагаат  за насилни и радикални идеи низ цела Европа, вели Перкинс.

Прашањата од преставниците од Комитетот на Домот за надворешни работи и сенатот се многу слични.

-За жал сме слушнале веродостојни извештаи дека во текот на изминатите две години мисијата на САД во Македонија активно интервенира во политичките партии на Македонија, како и во раководењето на домашните медиуми, така и во граѓанското општество на начин на кои се фаворизираат одредени партии, медиуми и групи на граѓански општества на левиот центар во однос на оние од централната десница.

Тие исто така сакаат да знаат дали амбасадорот Бејли им  даде предност на левичарските медиуми во текот на исплаќањето на помошта од страна на САД.

Освен овие прашања се наметнува и тоа дали е вистина дека нивната амбасада била главен реализатор на проектот  УСАИД преку финансирање од фондацијата  „Отворено општество“?

-Фондацијата „Отворено општество“ е креација на Сорос кој промовира прогресивна идеологија на милијардерите во светот. Македонските аналитичарите  тврдат дека од 2012 година, две години пред назначувањето на Бејли, УСАИД ги распределувал своите средства на Институтот за отворено општество и невладините огранизации под контрола на Сорос и овие проекти се во висина од 5 милиони евра, стои во текстот.

Експертот Цветин Чилиманов телефонски од Скопје во петокот изјави дека целта на Бејли била да се формира коалициска влада меѓу СДСМ и двете албанско етнички партии во Македонија, една од тие партии била БЕСА која имала силно исламско движење и добивала поддршка од Саудиска Арабија и Турција.

Тој со други зборови објаснил дека амбасадорот сакал да влијае на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија која всушност освоила најголем дел од гласовите на изборите од  11 декември.