Далај Лама: Путин е егоцентричен, сака втор Берлински ѕид

Тибетскиот духовен водач Далај Лама го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го егоцентричен и дека сака со судирот во Украина да изгради нов „Берлински ѕид“.

„Неговиот став е „јас па јас“.Тоа е премногу егоцентрично,“ оцени Лама и потсети дека Путин беше претседател, па премиер и сега повторно претседател.

„Навикнавме Берлинскиот ѕид повеќе да не постои. Сега изгледа дека рускиот претседател сака повторно да го изгради.Со тоа ја загрозува неговата земја. Изолацијата е самоубиство за Русија,“оцени Далај Лама.