Далекусежни одлуки на самитот на НАТО

Official portrait of NATO Heads of State and Government

Челниците на НАТО донесоа во средата, првиот ден од самитот во Мадрид, далекусежни одлуки за темелно преформатирање и јакнење на таканаречените сили за одвраќање, зголемување на инвестициите во одбраната и заеднички буџет, поголема помош на Украина на долг рок во војната и ги поканија руските сосетки Финска и Шведска во членство, што укажува на долгорочна остра конфронтација, како со Русија, која е означена како „директна закана“, така и си Кина.

Челниците на 30-те земји членки го усвоија Стратешкиот концепт за наредните десет години, во кој се дефинирани безбедносните предизвици со коишто наводно НАТО се соочува.

Русија е опишана како „најголема и директна закана за безбедноста на сојузниците и за мирот и безбедноста на ероатлантското подрачје“. Во претходниот Стратешки концепт усвоен во 2010 година, Русија беше дефинирана како стратешки партнер на НАТО. Во Стратешкиот концепт првпат како предизвик се споменува и Кина.

„Се соочуваме со систематска конкуренција на оние, вклучително и Народна Република Кина, кои претставуваат предизвик за нашите интереси, безбедност и вредности и се обидуваат да го поткопаат меѓународниот поредок втемелен на правила“, се наведува во заедничката декларација на челниците на државите членки на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кому поради украинската криза му е продолжен мандатот кој истекува зимава, на прес-конференцијата изјави дека Кина „не е непријател“, но дека претставува „сериозен предизвик“.

„Кина значително ги зголемува своите сили, вклучително и нуклеарно оружје, ги малтретира своите соседи, вклучително и Тајван“, рече Столтенберг.

Како предизвици споменати се и климатските промени, и нестабилноста надвор од границите на НАТО кои „придонесуваат за нерегулирани миграции и трговија со луѓе“, особено на југот.

„Судирите, кревкоста и нестабилноста во Африка и на Блискиот исток директно влијаат на нашата безбедност и безбедноста на напите партнери“, се вели во документот.

Челниците на НАТО најавија дека ќе помогнат во модернизацијата на украинските вооружени сили „кои херојски ја бранат земјата“ за да можат што подолго да војуваат со Русија. Потврдија дека Украина може да смета на нивната поддршка „колку и да биде потребно“.

Донесена е и најавената одлука за зголемување на бројот на војниците во висок степен на боева приправност на повеќе од 300.000, кои може да бидат брзо распоредени на источното крило на НАТО кон границите на Русија. Во моментов НАТО во своите источни членки има околу 40.000 постојано распоредени војници во осум борбени групи.

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе ги променат и зајакнат својот состав на воени сили во Европа во согласност со „заканите коишто доаѓаат од Русија“, и истакна дека НАТО е „попотребен од кога и да е“. Рече дека САД од почетокот на годината испратиле дополнителни 20.000 војници во Европа.

Бајден најави и дека САД ќе го зголемат бројот разурнувачи во Шпанија од четири на шест, дека ќе воспостават постојана команда за Петтиот армиски корпус во Полска, ќе распоредат дополнителна ротациска бригада во Романија, ќе распоредат две дополнителни ескадрили „F-35“ во Велика Британија, ќе ги зголемат ротациските единици во балтичките држави, и ќе распоредат дополнителни сили за противвоздушна одбрана во Германија и во Италија.

По отстранувањето на блокадата на Турција, НАТО ги покани Шведска и Финска во членство. На почетокот од април, во заднината на руската офанзива во Украина, се интензивираа повиците и иницијативите Финска и Шведска по децениската воена неутралност и добри односи со Русија но и тесна континуирана вона соработка со НАТО и официјално да побараат членство, што е поддржано во прв ред од САД.

Со нивното влегување само четири членки на ЕУ – Ирска, Австрија, Малта и Кипар не се членки на НАТО, но сега НАТО доби нова директна граница долга 1.400 со Русија и да го засили своето присуство на Балтичкото Море.

Челниците на НАТО во заедничката декларација наведуваат дека „земајќи ја предвид досега незабележаното ниво на соработка со Европската унија“., ќе продолжат да ги развиваат стратешкото партнерство во „духот на целосна взаемна отвореност, транспарентност, комплементарност и со почитување на различните мандати на двете организации, нивната автономија во носењето одлуки“.

„Нашата заедничка решителност во одговорот на руската војна во Украина ја истакнува силата на овој единствено и клучно партнерство“, се наведува декларацијата.

На фонот на промената на безбедноста опкружување на Европа, челниците на НАТО договорија нови мерки за јакнење на прилагодената политичка и практична поддршка на партнерите, вклучително и Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија.

„Ќе работиме со нив на градење на нивниот интегритет и отпорноста, развојот на способноста и одржувањето на нивната политичка независност. Исто така ќе ја зајакнеме нашата поддршка во градењето на капацитетите со партнерите од југот“, се вели во заедничката декларација.