Иако консумирањето кафе има свои придобивки за нашето тело, многу трудници имаат одредена доза на загриженост кога станува збор за негативните ефекти на кофеинот врз здравјето на бебето.
Бројни истражувања покажале дека премногу конзумирање на кофеин за време на бременоста може да доведе до низа несакани последици, меѓу другото, се зголемува ризикот од спонтан абортус, детето може да се роди со мала родилна тежина, а може да предизвика и други непријатни нуспојави за трудниците, како што се несоница или металоиди, пренесува Very Well Family.
Сепак, стручњаците нѐ уверуваат дека ниту една трудница не мора целосно да го прекине кафето за време на бременоста, бидејќи умереното консумирање не остава штетни последици.
Според податоците од истражувањето на оваа тема, Американскиот конгрес за гинекологија и акушерки препорачува трудниците, како и при планирањето на бременоста, да го ограничат внесот на кофеин на 200 mg дневно. Со други зборови, лекарите сметаат дека најмногу две шолји кафе дневно не претставуваат ризик за детето и за трудницата.
Исто така, потребно е да се води сметка кафето да не е единственото кое содржи дози на кофеин, го има и во зелениот и црниот чај, чоколадото, газираните сокови и енергетските пијалоци.