Дали има злоупотреба со влијание за (не)избор на ректор на УИНТ-Охрид?

Согласно, постапката на член 97 од Законот за високо образование (ЗВО) мандатот на ректорот му трае три години со право на уште избор. Па така, по пропишана постапка, ректорот се избира од редот на редовните професори, со објавување на јавен оглас која е во надлежност на сенатот на универзитетот, па понатака сенатот формира универзитетска изборна комисија составена од седум члена составена од седум сенатора, нивната улога е да ја цени исполнетоста на условите за избор на ректор и уредноста на пријавата, ја утврдува листата на кандидати на ректор и ги сумира резултатите од гласањето на избор на ректор… вака стои во постапката од Законот за високо образование.

Постапката на сенатот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид

Сенатот на УИНТ-Охрид, ја започнува постапката согласно ЗВО, па така на 20.11.2023 година, носи одлука за отпочнување постапка за избор на ректор, во мандатен период од 04.05.2024 година до 03.05.2027 година, потпишана од претседателот на сенатот, согласно законот. Истиот ден сенатот, носи одлука за објавување на јавен Оглас за избор на ректор на УИНТ, на истата седница сенатот носи Одлука за избор на Универзитетска изборна комисија од седум члена во состав (запамтете ги овие лица): Атанас Христов-претседател, Јане Бакрески, Анис Сефиданоски, Мерсиха Исмајлоска, Расим Салкоски (претседател на сенатот), Даниела Мечкароска и Љубица Санџакоска.

Јавниот оглас се објавува во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“ на 27.11.2023 година, за ректор кои треба да ги исполнуваат следните услови: Да е државјанин на Македонија, да е редовен професор, биографија и библиографија, програма за мандатниот период, одлука за избор на редовен професор… Во благовремен рок се доставуваат кандидитатурите на ректор од страна на: редовен професор Устијана Речковска Шикоска од факултетот за комјутерски науки и инжинерство при УИНТ-Охрид и професор Анастас Џуроски, редовен професор на Правниот факултет-Кичево при УКЛО-Битола.

Незаконските постапки на универзитетската изборна комисија

Во конкретниот случај по приемот на документацијата од двата кандидата, треба да се цени исполнетоста на условите за избор на ректор и уредноста на пријавата. Седумчлената изборна комисија на чело со претседателот Атанас Христов е со спротивставени мислења, така што 3 лица (Јане Бакрески, Анис Сефиданис и Мерсиха Исмајлоска) од универзитетската изборната комисија констатираат дека кандидатот за ректор Анастас Џуроски нема комплетна документација по однос на објавениот оглас, односно именованиот нема Одлука за избор на редовен професор, потврдена од сенатот на универзитетот УКЛО-Битола (согласно Законот за високо образование), како и тоа дека доставената Програма за работа на ректор за мандатниот период 2024-2027 година, истата своерачно не е потпишана од кандидатот авторизирано од соодветното лице кој се јавува на Огласот, регулирано со член 97 од ЗВО и член 128 од Статутот на УИНТ. Додека четири лица грубо го прекршиле законот во улога на Универзитетска изборна комисија (УИК). Еве го конкретниот пример што вие намерно и свесно не го гледате. Видите ја Одлуката бр.02-358/13 од 2.09.2021 година, каде што Наставно-научниот совет на Правниот факултет-Кичево, врз основа на член 110 став 1 точка 8, а во врска со член 166 став 3, член 167, член 173 став 2 и член 175 став 2 од Законот за високо образование (СЛ.весник на РМбр.82/2018… на ден 30.08.2021 година, ја усвојува едногласно одлуката.членови сенатори на УИК-читајте го ова од Одлуката од диспозитивот точка 2 (читајте) Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а по потврдувањето од страна на Сенатот при УКЛО-Битола, ќе се применува почнувајќи од 01.11.2021 година…. Наставно-научниот совет, декан, вон.проф.д-р Горан Илиќ. Ова е доказ и факт дека кандидатот Анастас Џуровски нема комплетна документација, само по овој основ тој треба да биде отфрлена неговата кандитатура за ректор на Универзитетот. Но, оваа група на членови-сенатори на УИК (Атанас Христов претседател, со членовите Расим Салкоски (воедно и претседател на сенат), Љубинка Санџакоска и Даниела Мечкароска) го прекршуваат законот. Иако за ваквите законски пропусти на универзитетската изборна комисија укажува и раководителот на одделението за општи и правни работи на универзитетот Јорданка Цветковска Атанасова, за непочитување на член 173 став 2 од Законот за високо образование, стои: „Изборот на редовен професор извршен од страна на наставно-научен совет на факултетот, го потврдува сенатот на универзитетот“.

И покрај сите укажувања Универзитетската изборна комисија (УИК) со 4 гласа-надгласување, носат Решение бр.02-681/34 од 15.12.2023 година за допуштање на двата кандидата за избор на ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид.

Зошто не реагираше актуелниот ректор Иван Бимбиловски?

Иако, актуелниот ректор има право на уште еден мандат од три години, не се кандидира за ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид. Тоа е негово право! Но, без разлика што не се кандидирал, тој имал и има обврска, одговорност за заштита на законитоста и статутарноста, согласно член 101 од Законот за високо образование, каде стои: „Ректорот се грижи за законитоста и статутарноста на работата на универзитетот и на единиците во неговиот состав и има право и должност да запре од извршување, односно да укине акт на нивните органи, за кој смета дека не се во согласност со закон, статут, општ акт или одлука на универзитетот“. Зошто не реагирал? Дали има некое повисоко влијание? Дали се вмешани високи функционери на МОН и Државниот просветен инспекторат? Републичкиот инспекциски совет? Сите овие се инсталација на политичката партија ДУИ и СДСМ! Тоа се прашања за натамошно истражување и одговор?Набрзо ќе се види вистината ректоре Иван Бимбилоски! Ќе почекаме, па пак ќе пишуваме, каде се криел зајакот!!!

По дадена преставка, што констатираат Државните просветни инспектори

По ваквите незаконски постапки на седумчлената универзитетска изборна комисија, кандидатката за ректор професор д-р Устијана Речкоска Шиковска на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, поднесува преставка до Државниот просветен инспекторат со барање да се изврши вонреден инспекциски надзор, со иницирање злоупотреба и неправилности во постапка за избор на ректор од страна на универзитетската изборна комисија, во врска прифаќање на пријавата на професор Анастас Џуровски кандидат за ректор со некомплетна документација (Одлука за потврдување на избор во редовен професор, донесен од сенатот на универзитетот УКЛО-Битола и доставената Програма за работа во мандатниот период 2024-2027 година, која програма не е потпишана од страна на самиот кандидат, кој аплицирал за ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид.

Од страна на Државниот просветен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор, констатиран во Записник бр.ИП1 09-1172 од 28.12.2023 година, од страна на Советниците-Државни просветни инспектори Мирјана Насковска и Тони Илиев. Инспекторите утврдиле „факти“ и констатирале „се било во ред“ и предметот „се запира“. Зарем не го видовте овој факт колеги инспектори од документацијата: Видите ја Одлуката бр.02-358/13 од 2.09.2021 година, каде што Наставно-научниот совет на Правниот факултет-Кичево, врз основа на член 110 став 1 точка 8, а во врска со член 166 став 3, член 167, член 173 став 2 и член 175 став 2 од Законот за високо образование (СЛ.весник на РМбр.82/2018… на ден 30.08.2021 година, ја усвојува едногласно Одлуката… читајте го ова од Одлуката од диспозитивот точка 2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а по потврдувањето од страна на Сенатот при УКЛО-Битола, ќе се применува почнувајќи од 01.11.2021 година… Врз основа на кои факти се констатирани? Само вие знаете?! Ова е нестручен, непрофесионален, тенденциозен и под влијание катастрофален записник. Срам за Државниот просветен инспекторат!!!

Дополнителен инспекциски надзор

По реакција на иницијаторот на преставката и паушалните констатации на инспекторите по доставениот Записникбр.ИП1бр.09-1172 од 28.12.2023 година, се бара од Државниот просветен инспекторат и до Републичкиот инспекциски совет, да се изврши доплнителен инспекциски надзор и да се изземат Советниците-Државни просветни инспектори Мирјана Насковска и Тони Илиев. Па така, на 5.01.2024 година, се врши дополнителен вонреден инспекциски надзор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, на Советникот – Државен просветен инспектор Даниела Кироска Во поглед на наводите од преставката за преиспитување на комплетност на документацијата на кандидатот Анастас Џуроски, односно дали кандидатот има доставено комплетна документација согласно член 173 став 2 од ЗВО. Дали Програмата за работа на ректор во периодот 2024-2027 година, своерачно потпишан. Од Записникот ИП1 бр.09-02 од 09.01.2024 година, од повторното преиспитување на Советникот – Државен просветен инспектор Даниела Кироска, констатира дека: кандидатот за ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, Анастас Џуроски нема доставено Одлука за редовен професор потврден од сенатот на УКЛО-Битола што е спротивно на член 173 став2 од ЗВО. Исто така и во однос на Програмата за работа не е своерачно потпишан од кандидатот за ректор Анастас Џуроски.

Советници-Државни просветни инспектори го рушат интегритетот на инспекторатот

По констатираните неправилности од Записникот ИП1 бр.09-02 од 09.01.2024 година Советникот – Државен просветен инспектор Даниела Кироска, е должна да достави управен акт решение за отсранување на неправилностите на Универзитетот, а не само да биде запознат министерот за образование и наука и да превземе натамошни мерки, а се насочува поднесувачот на преставката или Универзитетот законските права да ги бара на Управен суд. Ова е законски пропуст на Советникот – Државен просветен инспектор Даниела Кироска. Ова е елементарно непознавање на законската регулатива – НОНСЕН. Ова е несовесно работење и рушење интегритетот свој и на институцијата со одбегнување на законската работа на инспекторот. Под итно треба, надлежните институции да Ви ги одземат лиценците за работа!!! Срам за Државниот просветен инспекторат.

Советници-Државни просветни инспектори запамтете!

Во постапките при вршење на инспекцискиот надзор кога ги применувате одредбите од Закон за просветна инспекција, треба да знаете, читајте член 31 од Законот за просветна инспекција: „По извршениот инспекциски надзор, за утврдените состојби, преземените дејства и преземените мерки, просветниот инспектор составува записник“. Па, понатака читајте став 2 од истиот член: „Доколку просветниот инспектор утврди дека не се применуваат законите, прописите и другите акти, донесува Решение со кое се наредува извршување на определени мерки на определен рок, кој рок го определува инспекторот, а тој рок не може да биде подолг од осум дена од денот на донесувањето на решението“. Понатака од истиот член 31 стои: „Записникот и решението државниот просветен инспектор го доставува до високообразовната установа каде што е извршен инспекцуискиот надзор, до МОН и до директорот на Државниот просветен инспекторат во рок од осум дена од денот на инспекцискиот надзор… Па, понатака се врши контролен инспекциски надзор и тн. Но да ва потсетам на член 35 од Законот за просветна инспекција: „Просветниот инспектор е одговорен, ако при вршењето на надзорот со решение не нареди преземање мерки и дејства кои по законот бил должен да го преземе, ја злоупотребува службената должност… Каде сте директоре на ДПИ-Фератов да побарате одговорност?

Ова е доволно што ви објаснав. За Законот за инспекциски надзор, седнете читајте, ова што работите е срам и девалвирање на ИНСПЕКТОРАТОТ. Одговорност мора да сносите!!!

Крајното „филмско сценарио“ на Сенатот на УИНТ „Свети Апостол Павле“-Охрид

По сите малверзации, прекршувања на законските прописи крајното „филмско образовно сценарио“ на седницата на Сенатот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (УИНТ) ја носат на ден 30.01.2024 година, со која претседава претседателот на сенатот Расим Салковски, кој воедно е и член на универзитетската изборна комисија (УИК). По предлог на „сценаристот“ Атанас Христов (главен лик) претседател на(УИК), на сенаторите (11 ликови) на УИНТ „Свети Апостол Павле“ – Охрид, им предложил дека: „во постапката на УИК немало пропуст во својата работа и предложил постапката за избор на ректор да се повтори“, со „сценаристот“ се сложил и претседателот на сенатот Расим Салковски кој воедно е и член на УИК, а со тоа „сценарио“ се сложил и поранешниот ректор на УИНТ „Свети Апостол Павле“ – Охрид неколку мандати Нинослав Марина кој специјално допатувал од странство за оваа седница, и тој барал да се повтори постапката за избор на ректор, и секако тука се вклучиле „и споредните ликови на филмот“ сенаторите- членови на УИК Љубинка Санџакоска и Даниела Мечкароска. По ваквото „филмско сценарио“ на Сенатот, дел на сенаторите одлучуваат и носат Одлука за поништување на Јавниот оглас за избор на ректор арх.бр.04-685 од 27.11.2023 година, објавен на ден 27.11.2023 година, и носат Одлука за објавување на НОВ ОГЛАС за избор на ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид (УИНТ).

Почитувани читатели, во ова „филмско сценарио“ на УИНТ „Свети Апостол Павле“ – Охрид, го нема најглавниот лик, а тој ќе се појави по објавувањето на НОВИОТ ОГЛАС за избор на ректор, а тоа е „главниот јунак“ ИВАН БИМБИЛОВСКИ-актуелниот ректор.

На потег се нефункционалните институции МОН, ДПИ, ДИТ, Републичкиот инспекциски совет!!! Ова е образовна трагедија моја МАКЕДОНИЈО!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес