Дали Кси го избегнува Бајден со веројатното неучество на самитот на Г20 во Индија

(Photo by LUDOVIC MARIN / AFP)

Кинескиот претседател Кси Џинпинг веројатно нема лично да присуствува на самитот на челниците на земјите од групата Г20 во Индија следната седмица, пишува Reuters повикувајќи се на извори запознаени со темата во Индија и во Кина.

Два индиски извора рекле дека се очекува кинескиот премиер Ли Кианг да го претставува Пекинг на самитот кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти септември во Њу Делхи. Портпаролите на индиското и на кинеското министерство за надворешни работи не одговариле на барање за коментар на агенцијата.

Самитот во Индија се смета за сцена на којашто се очекуваше средба на кинескиот претседател Кси Џинпинг со американскиот колега по должност Џо Бајден, на којашто инсистира Вашингтон, потврдувајќи го доаѓањето на претседателот на САД.

Се очекуваше средба на двајцата челници во обидот да се стабилизраат односите меѓу двете суперсили затегнати со низата трговски и геополитички тензии. Се чини, дополнителни тензии на релација Пекинг – Вашингтон ќе предизвика и одлуката на администрацијата на американскиот претседател одобри воен трансфер во рамките на Програмата за функционирање на странски вооружени сили (Foreign Military Financing – FMF), кој инаку се користи за суверени држави во износ до 80 милиони долари. Во јули Вашингтон, које е најголемиот добавувач на оружје на Тајпенк, најави нов пакет воена помош за тајванската војска во износ до 345 милиони долари.

Кси, инаку, последен пат се сретна со Бајден на маргините од самитот на Г20 во индонезиски Бали ланскиот ноември, во безуспешниот обид на САД да ја убедат Кина да ја осуди руската инвазија во Украина и политички да се дистанција од Москва. Изминатите седмица од Вашинготн повеќепати известуваа дека немаат одговор од Пекинг за можна средба меѓу двајцата челници.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе најави дека мена да патува во Њу Делхи, како и дека наместо него Русија како и во Бали ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Висок владин функционер од Индија рекол за Reuters дека „се свесни дека наместо претседателот Кси ќе допатива кинескиот премиер“. Во Кина, пак, двајца странски дипломати и владин функциоенр од друга земја од Г20 рекле дека Кси веројатно нема да патува на самитот. Изворите на агенцијата во Киан рекле дека не се запознаени со причината за најверојатното недоаѓање на Кси на самитот. Сите функционери зборувале под условот да останат неименувани, бидејќи не биле овластени да зборуваат за медиумите.

Големите очекувања од можната средба меѓу Кси и Бајден, во прв ред во Вашингтон, е поттикната од низата посети на највисоките американски функционери на Пекинг последните месеци, вклучително и посетата на министерката за трговија Џина Рајмондо претходно седмицава.

Има уште еден претстоен самит кој американската страна го планира за разговори „тет-а-тет“ меѓу двајцата претседатели, кога во Сан Франциско до 12-ти до 18-ти ноември ќе се одржи средбата на челниците на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Кси, кој во октомври минатата година го осигури третиот мандат на чело на Кина, немаше многи странски патувања откако Пекинг ги укина строгите пандемиски мерки за патувања во и од странство. Меѓутоа, првото негово патување по новиот мандат во странство беше во март во Москва, а минатата седмица во јужноафрикански Јоханесбург присстуваше на самитот на групата големи економии во формирање БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.