Дали малверзациите на внуката на Спасовски во СОУ „Гошо Викентиев” се причина за контранапад врз градоначалникот на Кочани, прашува ОК на ВМРО-ДПМНЕ

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани дава целосна и безрезервна подршка на градоначалникот Љупчо Папазов и директорот Спирко Златков во политичката хајка која се води против нив од страна на инсталациите на Оливер Спасовски, се наведува во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

„Освен медиумска прашина не видовме никаква правна основа за наводните обвиненија.

Затоа прашуваме и го повикуваме министерот Оливер Спасовски, дали внуката вработена во СОУ Гошо Викентиев заедно со сменетиот началник Александар Максимов и неговата сопруга, а актуелна советничка, Ивана Максимова го штитат нејзиниот криминал и со ова се обидуваат да создадат уште еден дефокус на вистината?!

Пред извесно време, полициска единица координирана од тогашниот началник незаконски направи упад во просториите на училиштето.Дали неговата внука незаконски и без знаење на директорот издала документи од архивата?
Зошто овој настан до ден – денес не е евидентиран во официјалниот полициски билтен?

Овој настан остана мистерија и не се знае каде се и во кои раце завршија овие документи.Од тој момент започнува политичката хајка против директорот а еве сега и против градоначалникот.

После неколку дена е поднесена пријава против директорот со цел горенаведениот началник да си ја заштити неговата внука.

Исто така, во месец април Основното јавно обвинителство ја отфрла пријавата затоа што пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност.
Директорот на средното училиште во месец февруари открива финансиски малверзации од страна на внуката на тогашниот началник Александар Максимов, која е вработена во истото училиште и истото го пријавува во СВР Штип.

Дури после пет месеци почнува да се отплеткува клопчето наречено фамилијарен криминален триаголник.За жал овој случај сеуште не е завршен, а ние го повикуваме министерот Оливер Спасовски случајот да биде решен и затворен.

Ова е вистината за наменските пријави и секојдневните релативизации на власта
кои со добро разработената шема на СДС ја замајуваат јавноста за да го заштитат нивниот криминал“, велат од партијата.