Дали сте зависни од секс?

Иако експертите, кога се зависностите од сексот во прашање, се поделени во мислењето за тоа дали треба или не треба оваа зависност да се класифицира како вистинска болест, сепак постојат докази дека има вистински симптоми и начин на однесување. Многу сигурно се прашуваат како се однесуваат и какви симптоми имаат луѓето кои се зависни од секс.

Ова се симптомите:

-Интензивни сексуални импулси кои се појавуваат неконтролирано
-Користење на компулсивно сексуално однесување за бегство од проблеми како што се депресијата, стресот, осаменоста
-Проблеми во воспоставувањето или одржувањето на блиски, интимни односи, дури и брак или постојана врска

par-u-krevetu-1394015307-29238

Зависноста од секс не се мери според силниот сексуален нагон. Некои експерти сметаат дека зависниците од секс повеќе задоволство имаат од психолошки аспект, отколку од самиот сексуален чин.

„Самиот чин е многу помалку важен од самиот лов на секс. Кај зависниците често по доживувањето на оргазам им се јавува чувство на вина, срам“, тврди брачниот советник и терапевт Пол Хукмејер.

seks-partneri-muskarci-zene-1378151527-12306

Експертите истакнуваат дека не мора да значи дека сте зависник од секс ако посетувате стриптиз клубови или уживате во „валкани“ разговори.

Она околу што повеќето експерти се согласуваат е дека компулсивното сексуално однесува може да биде многу штетно. Ако чувствувате и мислите дека вашата преокупираност со сексот ви го уништува животот, работата и ве одвојува од партнерот или блиските луѓе-има помош.

Целта во лечењето не е да се инсистира на апстиненција, туку да се потисне тоа што се смета за нездраво сексуално однесува. Стручното советување можа да ви биде од голема корист. Додека зависноста од сексот некои ја класифицираат како болест, а други не, зависност од секс сепак постои, а има и помош.