ЖРК Вардар со пораз стартуваше во ЛШ

Ракометарките на ЖРК Вардар со пораз ја започнаа новата авантура во Лигата на шампионите, откако уште на самиот старт од сезоната загубија на гостувањето во Подгорица против Будуќност со 23-17. „Вардарки“ на овој дуел воопшто не наликуваа на себе, им недостигаше агресивност во одбраната и инвентивност во нападот. Црногорките знаеја како да го искористат тоа и стигнаа до посакуваниот резултат, а на Кастратовиќ во следниот период и останува да обрне повеќе внимание на слабостите од овој натпревар.

Домашната ракометарка Павичевиќ со седум погодоци беше најпрецизна на натпреварот, додека во таборот на ЖРК Вардар најефикасни беа Пенезиќ со пет и Лекиќ со четири постигнати гола.