Во најновиот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ во однос на корупцијата во земјите низ светот, објавен вчера, Македонија се наоѓа на 111-то место од 180 држави.
Земјава е во друштво со Панама и Монголија, и го бележи најниското рангирање во изминативе 20 години, од 2001 година досега. Во однос на лани, пак, има пад од пет места. Што значи моментно сме уназадени за 20 години.
Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава – изјави Слаѓана Тасева од македонското претставништво на „Транспаренси Интернешнл“.
Вицепремиерот Љупчо Николовски, задолжен за борба против корупцијата и дриектно погоден од извештајот на „Транспаренси Интернешнл“, во коментар за ИРЛ вчера изјави дека последното рангирање на Македонија не значи дека „корупцијата пораснала, туку резултатите се перцепција на граѓаните“?!
Но, според методологијата за рангирање која ја користи „Транспаренси Интернешнл“, објаснувањето на Николовски во најмала рака изгледа смешно. Во видеото се објаснува како се врши бодување и рангирање на земјите во светот, кои извори и податоци се користат и се напоменува дека „јавноста не е вклучена“ во тој процес.
Исто така, меѓународните организации ја идентификуваат Македонија како земја во која владее хибриден режим.