Пртходно во четвртокот телевизијата ТВ21 од извори блиски до премиерот објави дека новиот мандатар и наследник на Зоран Заев во влдата ќе биде личноста која ќе седи до бего на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, а идентични брифинзи дојдоа и до другите медиуми од владејачката СДСМ.
Во петокот попладнето во Клубот на пратеници, предмалку започна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Заев на средбата е придружуван до заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Станува збор, како што наведуваат изворите, за социјалдемократски кадар од Куманово.
Средбата меѓу Заев и Гаши следува откако пред неколку дена премиерот и лидерот на Алтернатива на разговор по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата. Тема на разговор на средбата ќе биде можниот влез на Алтернатива во владината коалиција.
Доколку во мнозинството остане и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој оневозможи гласање недоверба на Владата, тогаш со евентуалниот влез на Алтернатива мнозинството би изнесувало 64 пратеници.