„Далматиан“, првата хрватска приватна нискобуџетна авиокомпанија, по долгогодишна подготовка од 30 јуни започнува со реализација на евтини летови.
Авионите на „Далматиан“ ќе го поврзат Загреб со 11 европски дестинанции и тоа Софија, Дизелдорф, Милано, Хамбург, Женева, Ларнака, Рим, Прага, Штудград, Цирих и Варшава, а се планира и воведување на линија до Виена.
Билетите се со почетна цена од 29, 99 евра во еден правец.
Компанијата на долг рок, планира и воведување на прекуокеански летови, а својата флота во иднина ќе ја надополни и со четири „Ербас“ авиони.