Десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот пристигна во Италија на лекарски прегледи за да го склучи договорот за едногодишна позајмица во Милан, објавија италијанските медиуми.
Дваесет и едногодишниот португалски фудбалер во летото 2018 година од Порто мина во Манчестер Јунајтед за 22 милиони евра. Но со доаѓањето на Аарон Ван Бисаке падна во втор план и минатата сезона впиша само четири настапи во Премиер лигата.
За Далот интерес пројавуваа и Евертон, ПСЖ, Барселона и Рона, но на крајот ќе заврши како позајмен играч во Милан.