Дамева – предлог на Пендаровски и Адеми нови членови на Сускиот совет со помош на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

На денешната пленарна седница избрани се двајца нови членови на Судскиот совет, Весна Дамева, која е предлог на претседателот Стево Пендаровски, досегашна стручна соработничка од Кривичниот суд и досегашниот член на Советот, Селим Адеми.

На почетокот на летото, на предлог на Пендаровски беше избран во Советот и Миљазим Мустафа, со што претседателската квота во највисоката судска власт е пополнета.

Дамева и Адеми вчера беа изгласани на собраниската комисија за избори и именување, но заедно со нив не беше изгаласана Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ
Собраниската Комисија за избор и именување, чиј претседател е Илија Димовски, е составена од шест члена од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и по еден од ДУИ и од движењето Беса.На кандидатот од СДСМ му фалел еден глас од ВМРО-ДПМНЕ.