Данев: Владејачкото мнозинство ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата

Граѓаните на Република Македонија денеска по којзнае кој пат беа сведоци дека пратениците на владеачкото мнозинство на чело со СДСМ уште еднаш ги ставија во преден план партиските и личните интереси наспроти интересите на граѓаните на Република Македонија, истакна во средата Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Иницијативата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за намалување на акцизата за 3 денари, односно враќање на акцизата за дизел горивото во првобитна состојба како пред 1.1.2018 година, со што треба да се растеретат трошоците за индустријата, стопанството и за сите граѓани, беше одбиена од собраниското мнозинство. Кога власта беше опозиција ветуваше живот, а само една година откако се на власт дојде живот, но како што велат граѓаните дојде доста поскап живот“, рече Данев.

Апелираше до пратениците од владејачкото мнозинство по гласањето против овој закон да се поднесе по скратена постапка, сепак, да ги стават интересите на граѓаните пред партиските интереси и при редовната процедура на носење на овој закон да го поддржат овој закон и на тој начин влијаат на квалитетот на живот на граѓаните.

„Како за илустрација, од сите податоци што сега ги имаме ако ги споредиме со оние од 2016 година и колку ги чини индустријата транспортот и семејствата во Република Македоннија ова зголемување на акцизата бројките велат дека само индустријата ја чини ова покачување близу 5.5 милиони евра, транспортот го чини фантастични 32 милиони евра“, истакан Данев

Истакна уверување дека сепак интересот на граѓаните на Република Македонија ќе биде пред партискиот и личен интерес на пратениците од владејачкото мнозинство“.

„Додека домаќинствата во Република Македонија доколку ги споредиме оние закони со кои се укине радиодифузната такса и се воведе евтината тарифа за струја во споредба со ова покачување на акцизата ќе видиме дека граѓаните се сериозно измамени, затоа што само со покачување на акцизата некаде околу 20 пати се намалил нивниот животен стандард. Така што има сериозни аргументи кои што одат во прилог на ова законско решение. Ние се надеваме дека интересот на граѓаните ќе биде пред се и над се, иако денеска не го видовме тоа или со своето однесување или гласање против ставање на овој закон во една скратена процедура и гласање во Собранието, пратениците од владеачкото мнозинство не го поддржаа овој закон“ потенцираше Данев.