Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, имаше кворум (45 присутни делегати од вкупно 61) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател.
Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Иницијативиот одбор за смена на Даниел Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но заради недостиг на кворум, собранието не се одржа.
Претходно, Димевски и МОК најавија дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе ги признае само кандидатурите на редовното собрание. Сите овие превирања предизвикаа голема збрка, која заврши вечерва со резибророт на Димевски.
На 29 октомври 2020 година Димевски беше избран за прв човек на олимпиското движење и по 28 години го симна од претседателската фунцкија Васил Тупурковски.