Даниел Крег доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Актерот Даниел Крег во средата ја доби својата ѕвеза на холивудската Патека на славните, ноколку дена пред во САД да започе прикажувњето на неговото најново толување на тајниот агент Џејмс Бонд.

Филмот „Нема време за умирање“ (No Time to Die) е петтиот и последен настап на Крег во улогата на британскиот таен агент со „лиценца за убивање“, со што ја завршува улогата која трае веќе 15 годин.

Розовата ѕвезда на актерот, 2.704-та на Патеката на славниет пред адресата Холивуд Булевар 7007, е поставене покрај онаа на Роџер Мур, кој од 1973 до 1985 година го играше Џејмс Бонд во седум филмови од франшизата.

„Апсолутно ми претставува чест по мене да одат во Холивуд. Тоа што сум на овој тротоарт окружен со овие легенти ме чини многу, многу, многу среќен човек“, рече Крег.

Продуцентите на Филмот Барбара Брокоуи и Мајкл Вилсон, заедмо со Рами Малек кој го толкува негативецот Сафин во поседното издание на 007, пресуствуваа на свеченоста посветена на ѕвездата.

Следната улога на Крег ќе биде во шекспировата претстава Магбет на њујоршки Бродеј следниот март.