Возбудливото продолжение на филмскиот хит со Даниел Крег на Нетфликс

Затоа не е чудно што веста за пристигнувањето на неговото продолжение предизвика големо воодушевување кај гледачите. За сите оние кои сакаат да го погледнат, „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ е веќе достапен на „Netflix“.

За што станува збор во продолжението?

Детективот Беноа Блан, кој го глуми Даниел Крег, заминува за Грција. Таму се среќава со нови, интересни ликови и нова мистерија која треба да ја реши. Покрај Крег, остатокот од актерската постава го сочинуваат познати актерски имиња како Едвард Нортон, Џанел Моне, Кејт Хадсон и Дејв Баутиста. Режијата, продукцијата и сценариото повторно ги потпишува Ријан Џонсон.

Во продолжението дошло до големи измени. Насловот на филмот е променет и гласи „Glass Onion: A Knives Out Mystery“, а креаторите со тоа сакале да го одвојат од впечатокот дека станува збор исклучиво за продолжение. Тие сакале да нагласат дека се работи за нова приказна од потенцијалната франшиза.