Сепак, ваквата лага за фиктивни гласачи се разобличи веднаш. Даниела Рангелова од Центар денеска се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница, со што се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ е во очај и паника во пресрет на поразот кој им претстои на изборите на 5 јуни и затоа максимално ги ставаат во функција сите погони од Фабриката за афери на чело со Фокус
– Фокус објави целосна невистина и конструкција дека јас сум била пријавена на адреса во Брвеница каде се регистрирани уште 120 други гласачи Еве ја вистината која ја урива целата конструкција. Ова е Даниела Рангелова од Брвеница. Единствениот нејзин грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има исто име и презиме како мене, рече Рангелова.
Се работи за свесно измонтирана лага, односно за комплетно различни личности, а фактот што има 100 лица на едно место е поради тоа што тие практично живеаат на една селска улица во Брвеница и од кога знаат за себе тие гласаат на истиот принцип.
– Втората груба манипулација и потценување на граѓаните е тоа што СДСМ намерно лаже и премолчува дека во Брвеница нема систем на улици и адреси. Затоа жителите на Брвеница се регистрирани на една адреса. Разликата во поддршката која што ја има ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10 гласа. Не е ниту 100 гласа или 1000 гласа. Разликата е 200.000 гласа. Затоа СДСМ се плаши и се обидува да конструира афери. Со ваквото деструктивно однесување на СДСМ, таа разлика ќе се зголеми на 5 јуни, рече Рангелова.
Рангелова ги повика ДИК и МВР кои се најодговорни за избирачкиот процес да се погрижат за сите детали вклучувајќи го и прочистувањето на избирачикиот список.
СДСМ ја има контролата во овие институции и не смее да се остава повеќе алиби партијата да бега од избори. Меѓународните претставници веќе се изјаснија дека има време за прочистување на списокот и не постојат причини за никакво одложување на изборите.