Даниловски: Воведување на скалесто работно време за луѓето да не се туркаат како сардини во автобусите

„Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз, гледаме луѓе натискани како сардини, јавниот транспорт е втор, ако не и прв по ранг ризик фактор за ова што ни се случува со пандемиската криза. Крајно време е да се зголеми бројот на автобусите, да се регулира бројот на патници кои влегуваат кажа епидемиологот Драган Даниловски, во Студио 10 на ТВ24.

-Да се направи скалесто работно време, па во различно време да се качуваат луѓето во автобус. Исто така, во Источна Македонија конфекциите го разгореа вирусот. И тој момент треба да се земе во предвид“ , кажа д-р Даниловски.