Данска ги одобри работите на гасоводот Северен тек 2

Данската агенција за енергетика во вторникот објави дека му издала дозвола на конзорциумот „Nord Stream 2“ во сопственост на руски „Газпром“ за работи на конзервација на саботираниот гасовот Северен тек 2 гасоводот во Балтичкото Море, дизајниран и за транспорт на водород.

Целта на работата е да се зачува оштетениот гасовод со инсталирање на „приклучоци“ за да се спречи истекување на гас и навлегување на морска вода и да се ублажат безбедносните и еколошките ризици, објасни данската агенција.

Руски „Газпром“ смета дека гасоводот има иднина, откако ќе се смират геополитичките тензии, а според швајцарскиот весник Zentralplus веќе издвоил 633 милиони евра за поправка на оштетениот гасовод. Руската компанија очекува гасоводот да биде во функција 50 години, почнувајќи од 2030 година, но само под услов да ги добие потребните дозволи, се забележува во написот.

Гасоводите Северен тек 1 и 2 беа сериозно оштетени во експлозии на крајот на септември 2022 година. Европските влади се сомничија за саботажа од страна на „државен актер“, при што Шведска, Данска и Германија започнаа истрага за утврдување на виновникот. Во февруари минатата година Стокхолм и Копенхаген објавија дека истрагата е завршена и заклучоците ги проследија до Германија. Германија одбива да ги објави резултатите од истрагата, повикувајќи се на националната безбедност, иако остана без снабдувањето со евтиниот руски гас кој беше основа за нејзиниот економски подем и оттогаш нејзината економија бележи пад.

Американскиот наградуван истражувачки новинар Сејмор Херш пведнаш по експлозиите објави напис во кој наведува, повикувајќи се на свои разузнавачки извори дека планот за саботажа на гасоводите бил разработен тајно од членови на администрацијата на сега веќе поранешниот американски претседател Џо Бајден и американското разузнавање. Според него, за поставување на моќните експлозивни направи била искористена поморска вежба на НАТО во јуни 2022-ра во водите на Балтичкото Море кога нуркачи го поставиле експлозивот, а во септември далечински го активирала воената морнарица на Норвешка.

Десетина дена по текст на Херш, синхронизирано неколку мејнстрим медиуми кои претходно изразуваа сомневања дека зад експлозиите стои самата Русија, исто така, повикувајќи се на западни разузнавачки извори, објавија наводни сознанија дека зад уништувањето на руските гасоводи стои непозната проукраинска група која не е поврзана со властите во Киев.

Обврски и амарикански интерес

Гасоводот Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија и беше завршен кон крајот на 2021 година. Германската влада водена од демохристијанката Ангела Меркел тогаш ги отфрли протисоците на САД и проектот беше заокружен, но но потоа владата на социјалдеморкатите, залените и либералите водена од Олаф Шолц потклекна и постојано го одложуваше издавањето на дозволите, а проектот беше ставен во мирување откако руските војници влегоа во Украина во февруари 2022 година.

Германската Федерална мрежна агенција во ноември 2021 година ја запре постапката за издавање дозвола на гасоводот Северен тек 2, повикувајќи се на германскиот закон според кој операторот на гасоводот мора да биде германска компанија, бидејќи седиштето на „Nord Stream 2 AG“ беше во Швајцарија. Поради тоа операторот „Nord Stream 2 AG“ ја основаше својата германска подружница „Gas for Europe GmbH“ којашто ќе биде сопственик и оператор на германскиот дел од гасоводот и со тоа го исполни главното барања тогаш за добивање на дозволата во Германија.

До март годинава, конзорциумот што управува со гасоводот мора, според одлуката на Кантоналниот суд во швајцарски Цуг, да ги подмири своите обврски кон малите доверители, со суми кои генерално се движат од неколку десетици до неколку стотици илјади евра. Неисполнувањето на обврските би значело отворање стечајна постапка и отворање можност за продажба на имотот. Доколку ги подмири, стечајниот управник има рок до 9 мај да се договори со „големите“ доверители кои бараат милијарди, објави германското радио NDR.

Во номеври 2024 година, весникот The Wall Street Journal дека американскиот инвеститор Стивен Линч побарал дозвола од Вашингтон да учествува на евентуална аукција на гасоводот во стечајната постапка на конзорциумот „Nord Stream“ во Швајцарија, но од „Газпром“ и од Москва тогаш одговорија дека воопшто не разгледуваат таква можност.

Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките на рускиот гас во Германија, на вкупно 110 милијарди кубни метри гас годишно. Руски „Газпром“, германските „Wintershall Dea“ и „Uniper“, австриски ОMV, француски „Engie“ и британски „Shell“ го потпишаа договорот за градење уште кон средината на 2015 година. „Газпром“ е сопственик на 51 отсто од уделите во проектот.