![danska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/thumbs_b_c_ce2a636f18256494e134831b658c4a8a.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Данска во согласност со своето напредување во сузбивањето на епидемијата на коронавирусот, во понеделникот ублажи уште некои од рестриктивните мерки и дозволи јавни собири до 50 а не најмногу до 10 лица, како што беше досега.
Застворените спортски и салите за вежбање, базените и сличните емста, исто така, може повторно да бидат отворени, во рамките на третата фаза од ублажувањето на ограничкувањата поради епидемијата.
По секоја употреба опремата за вежбање мора да биде дезинфицирана, а учесниците на часовите по јога, на пример, мода да донесат, сопствени простирки, според насоките од министерството за здравство.
Мерките во текот на викендот ги одобри владата на премиерката Мете Фредерискен, заедно со партиите кои ја поддржуваат владата, како и главните опозициски партии.
Данска постепено се отвора откако во март ги затвори најголемиот дел од установите и границите. Училиштата, рестораните, театрите, кината и продавниците беа отворани постепено од неодамна.
Според податоците објавени во неделата, во Данска од Covid-19 починале 589 луѓе, а заразени се повеќе од 12.000 лица.