Иако поголемиот број кандидати на данските парламентарни и изборите за Европскиот парламент се промовираат на интернет сајтовите и социјалните мрежи, Јоаким Б. Олсен, член на Либералниот сојуз отиде чекора подалеку.
Олсен, кој е освојувач на сребрен олимписки медал во фрлање кугла на огрите во 2004 година во Атина, ја постави промоцијата на својата кмапања со логото на пртијата и повикот избирачите да гласаат за него на еден од најпознатите сајтови „за возрасни“ – Pornhub, пренесуваат данските медиуми.
На својот фејсбук профил Олсен потврдува дека ја поставил промоцијата на споменатиот порно реусрс, а за данскиот весник Sunday, рекол дека „изборните кампањи се сериозна работа…, но дека во сето тоа мора да има и малку хумор“.
Без претходно советување со својата партија го платил рекламниот простор користејќи го слоганот кои се поигрува со данскиот жаргонски термин за мастурбација.
„Кога ќе завршите со самозадоволувањето, гласајте за Јоке (прекар од Јоаким)“, гласи слоганот кој на Олсен му се чинел сосема соодветен за политичка кампања, но многумина поради тоа го критикуваат.
„Знам дека некои луѓе ќе бидат ужаснати. Денес не можете да кажете ништо, а ненои луѓе да не се вонемират“, вели Олсен објаснувајќи дека критиките не ги сфаќа сериозно, бидејќи „оние коишто го познаваат како политичар знаат дека е сериозен, но и духовит“.
Парламентарните избори во Данска ќе се одржат на 5-ти јули.