Данската фудбалска Суперлига ќе продолжи со натпреварувањето на 28-ми мај, по паузата подолга од два месеца поради пандемијата на коронавирусот, објавија челниците на данската фудбалска лига.
Данска во понеделникот влезе во втората фаза од повотрното отворање на социјалниот живот и економијата по двомесечното затворање, што им овозможува и на фудбалерите да се вратат на терените.
Видството на Суперлигата објави дека сезоната ќе продолжи на 28-ми мај со натпреварот меѓу АГФ и Рандерс, и тоа без навивачите на трибините. Крајот на сезоната се очекува на 29-ти јули кога се на распоред натпреварите за пласман во европските купови.
За што повеќе натпревари може да бидат достапни за телевизискиот аудиториум, термините за дуелите се променуваат, во споредба со вообичаените за одигрување.
На прво место на табелата е Мидтјиланд со 62 бодови, 12 повеќе од Копенхаген, додека на трето е АГФ со 40 бодови.