Дарко Рајковиќ. 44-годишниот српски кошаркарски стратег, е новиот тренер на НБА екипата на Торонто Репторс, официјално објави канадскиот клуб кој беше првак на најсилната кошаркарска лига на светот во сезоната 2018/19.
Тимот на Торонто за Рајковиќ ќе биде првиот ангажман на позицијата главен тренер во некоја екипа во НБА лигата. Во Соединетите држави работи од 2012 година кога започна да го вори универзитетскиот тим на Тулса, а од 2014 година започна како помошник тренер во НБА лигаа. Работеше во стричните штабови на Оклахома Сити, Феникс Санс и Мемфис Гризлис, каде престојувапе до 2020 до 2023 година.
Пет сезони мина во Оклахома, па заедно со другиот српски тренер Игор Кокошков работеше во Феникс Санс. Последните три години тој е асистент во Мемфис Гризлис, а сега е пред својот прв самостоен ангажман на клупата на Торонто.
Во штотуку завршената сезона Торонто со соодносто на победи и порази 41-41 го заземаа деветтото место во Источната конференција, но беа елиминирани во плеј-инот од Чикаго Булс кои потоа беа исфрлени од годинешниот финалист Мајами Хит.