Даштевски за ТВ 24: Тендерот што го доби „Дермалог“ е законски, не сакам да ја прејудицирам одлуката на ДКСК

Првиот човек на ДИК Александар Даштевски без конкретен одговор дали очекува антикорупциска да најде корупција во тендерот тежок 11, 2 милиони евра кој го доби германската фирма Дермалог за набавка на биометриски терминали за гласање со отпечаток на прст.

Даштевски во телефонски разговор вели не сака да прејудицира и ќе чека да заврши постапката во антикорупциска. Тврди дека одлуката што тој ја потпишал била согласно законот за јавни набавки. Најавува дека ќе се појави на разговор во комисијата, и порачува дека ДИК соработувала и досега во неколку наврати пратиле документи за тендерот во антикорупциска, дури и преповторила документи, кои вели повторно им биле пратени.

Според Даштевски за се што досега испратил до комисијата се консултирал со членовите на комисјата.

– Одлуката која што јас ја потпишав за изборот на фирмата за тендерот за набавка на биометриски терминали за гласање со отпечаток на прст е согласно законот за јавни набавки. Предлогот дојде од комсијата за јавни набавки во ДИК. Јас го следев процесот индиректно, но колегите беа директно вклучени. Јас во постапката за јавни набавки не сум се мешал. Во мој интерес е постапката во ДКСК да заврши што поскоро да не се доведе во прашање довербата во изборите. Не сакам да ја прејудицирам одлуката на ДКСК. – Александар Даштевски претседател на ДИК.

Сепак според првиот човек на ДИК повеќе постапки одат во корист на неговиот потпис и изборот на комсијата да падне на Дерамлог. Вели управната контрола завршила позитивно, додека пак Управен суд ја одбил жалбата на конкурентскта фирма. ТВ 24 ги контактираше дел од членовите на комисјата за јавни набавки во ДИК, но велат се што имаат да кажат најпрво ќе кажат во Антикорупциска.

За постапката на Антикорупциска побаравме став и од германската фирма, Дермалог, но засега повратен одговор нема. Кога се затавори тендерот ,членот на ДИК, но и член на комисјата за јавни набавки имаше одвоено мислење, според кое ниедна од фирмите не ги исполнува условите, со детално образложение зошто епротив изборот на „Дермалог“.

– Економскиот оператор „Дермалог“ не ги исполнува условите предвидени во точката 2.4.3. од тендерската документација затоа што при извршениот увид во понудата на економскиот оператор не може да се потврди дека персоналот понуден од страна на економскиот оператор го има потребното исклуство барано во наведената точка од тендерската документација, немаат искуство во областа која е предмет на набавката, која е биометриска индентификацијана гласачите.

Дел од персоналот даден во понудата на економскиот оператор има искуство, меѓутоа истото во никој случај не може да се поврзува со искуство во биометриското идентификување, а најмалку во биометриското идентификување на гласачите. Кренар Лога член на ДИК, предложен од Алијанса за Албанците со издвоено мислење.

ТВ 24 вчера објави дека антикорупсциска ги чешла тендерските документи на тендерот, по што ќе го повика претседателот на ДИК на разговор, а не се исклучува да бидат повикани и членовите на комсијата за јавни набавки. Со тендерот тежок 11, 2 милиони евра, ДИК од Дермалог доби 4000 терминали, софтер и сервисирање.