Адвокатот Звонко Давидовиќ како гостин во вестите на телевизија Алфа истакна дека освен случајот „Рекет“ со кој со таа афера беше потресено работењето на обвинителството, а со тоа и целата држава, а со месеци ништо не се превземаше, такви случаи и предмети има многу.
Претходно истото тоа обвинителство ја имаше аферата „Шпион“ , но никогаш не дознавме кои документи на кои тренинг служби се дадени. Или го имате случајот на „Биг фиш“ каде буквално по закана на неговите деца, човекот доби доживотна каазна затвор, иако Врховниот суд донесе првична пресуда со која го укина целиот предмет,а подоцна своите наводи ги пренаиначи во сосема спротивното, вели Давидовиќ.
Вели дека има многу вакви предмети кои можат да се набројат, како што се „Ликвидација“, „Ореше“, „Јустиција“, во кои никој до денешен ден не беше повикан на одговорност си добија ослободителни пресуди.
-Додека не се направи проверка на судењата на судиите и обвинителството во изминатиов период, да се утврди нивната одговорност ако ја имаат и начинот на кој што ги водат предметите и иплементираат законите, ние нема да имаме еден правен систем кој што ќе функционира и кој ќе го заживееме, вели адвокатот.