Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече пред членовите на неговата партија АКП дека тој лично наредил да се собори рускиот авион на границата меѓу Турција и Сирија, кој наводно го повредил турскиот воздушен простор, пренесуваат турските медиуми.
Давутоглу рече дека од контролата на летање десет пати испратил предупредување во рок од пет минути, пренесува турски Хаберлер, кој објави и видеоснимка од признанието.
И покрај предупредувањата, моравме да го уништиме тој авион. Турските вооружени сили изведоа напад по моја наредба, рекол Давутоглу.
Како што навел на состанокот на партијата, одлуката ја донел во согласност со правата и должностите на државниците кон државата.
Не сакавме ова да се случи, но секој мора да го почитува правото на Турција да си ја брани границата, ја образложил тој својата одлука, посочи Давутоглу.
Сепак, додал дека Русија ѝ е пријател на Турција и дека Анкара не сака да ја прекине комуникацијата со Москва, но дека мора да го штити својот воздушен простор.