Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, изјави дека конечно е среќен по турбулентниот почеток на сезоната и останувањето во клубот, иако трансферот во Реал Мадрид практично беше комплетиран.
Де Хеа во финишот на летниот преоден рок беше на чекор до трансфер на „Сантијаго Бернабеу”, но поради проблемите со документацијата остана во Јунајтед и потоа потпиша нов четиригодишен договор.
„Во моментите кога го продолжував договорот почувствував дека ја донесов најисправната одлука во мојот живот. Сега сум среќен во еден од најголемите клубови на светот и добивам голема поддршка од навивачите. Никој не ме изневерил, тоа се работи кои едноставно се случуваат. Имав тешки моменти, но тие ќе ми помогнат да се развијам подобро”, изјави 25-годишниот чувар на мрежата.
Де Хеа во текот на кариерата настапуваше и за Атлетико Мадрид, а во 2011 година пристигна во Манчестер.
Извор: Спортмедиа.мк