Де Лаурентис подготвува проект вреден 10 милијарди евра за тектонски промени во фудбалот

Реакцијата на јавноста го сопреа мега проектот за европска фудбалска Суперлига, откако жестоко реагираа навивачите, јавноста, фудбалските федерации, а се вмеша дури и политката, но приказната за тектонски промени во светскиот фудбал продолжува.

Сега на сцена стапи контроверзниот сопственик на Наполи, клуб за кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Аурелио де Лаутрентис кој соопшти дека работи на проект вреден 10 милијарди евра.

-Лигата на шампионите и Лигата на Европа на клубовите не им носат доволно приходи за да ги оправдаат настапите во овие натпреварувања. За да бидете конкуренти потребно е да имате повеќе врвни фудбалери. Тоа значи дека мора да трошите многу, а наградите во европските натпревари не се доволни Затоа клубовите треба да разговаат едни со други за да создадат помодерен и попрофитабилен фудбал за сите,изјави Де Лаурентис за „Дејли Меил“.

-Потребно е да се намали бројот на натпревари така што би се намалил бројот на лиги во цела Европа. Треба да се создаде европско натпреварување со демократски систем на влегување во истото и кој е базиран на пласманот на екипите во националните лиги. Јас веќе испитав дека овој проект може да донесе 10 милијарди евра, но потребни се желба и целосна независност, додаде Де Лаурентис, притоа не изнесувајќи повеќе детали за проектот.