4.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

Дејвид Бекам на Вимблдон: Сите се сложуваат дека тој е најстилизираниот маж во кралската ложа

На Вимблдон денеска се појавија многу ѕвезди, но само Дејвид Бекам знае да одржи модна лекција и на тој начин да го сврти целото внимание кон себе. Со години го гледаме во шарени јакни и кошули додека ги гледа најважните натпревари во друштво на своето семејство.

Сега тој се појави заедно со својата мајка Сандра (73) и уживаше со неа во кралската ложа на централниот терен за време на десеттиот ден од светски познатиот турнир.

На прв поглед, едноставната комбинација беше збогатена со на прв поглед неспојливи детали и принтови – кафената јакна со двојни гради беше надополнета со кафена кошула со пруги и вратоврска во малку потемна кафеава нијанса со бели манжетни.

Носеше и бели „чино“ панталони, модел познат како лежерен, тренди и погоден за високи температури.

Тоа беше само една од успешните модни комбинации на Бекам на познатиот тениски настан.

Фудбалската легенда изгледа не ги дели боите на лето и есен, бидејќи многу добро знае секоја да ја претстави како хит на сезоната.

Во тоа му помага тимот на „Ралф Лорен“, чии креации ги носел и претходните години, но и денес. Беж јакна со кошула со сини риги беше хит во 2019 година.