Дебакл на Барселона кај Гранада

Во последната саботна средба во рамките на петтото коло од шпанското фудбалско првенство Гранада на свој терен ја победи Барселона со 2:0 остварувајќи ја првата победа по шест последователни порази против каталонскиот гигант кој вечерва имаше само еден удар во рамките на противничкиот гол.

Послениот пат Гранада ја победила Барселона во април 2014 година со 1:0, а потоа нанижа пест порази со гол-разлија 2:21.

Конфузната игра без конркетна идеја на актуелниот шпански првак ја искористија Рамон Азеез со голот уште во 2 минута, и Вадиљо од пенал во 66 минута, откако беше проценето дека Артуро Видал играл со рака во својот шеснаесетник.

Барселона одигра катастрофално забележувајќи го вториот меч по ред во кој не постигна погодок, по 0:0 против Борусија во Дормунд во Лигата на шампионите. Колку Барса играше лошо укажува и „историскиот“ податок дека гостите во текот на целиот меч имаа само еден удар во рамките на голот. Во второто полувреме во игра влезе и Лионел Меси, но и тоа не помогна да се поправи впечатокот.

За Барселона ова е втор пораз сеззонава по оној во првото коло на гостувањењето кај Атлетик Билбао, а има и реми дома со Осасуна. Интересно е и што Каталонците на четирите гостувања сезонва, три во првенството и едно во Лигата на шампионите, не остварија ниедна победа.

Вилјареал го победи Вајадолид со 2:0 со голивте на Казорла во 77 и Онтиверос во 89 минута, а дургите две саботни средби Атлетико Мадрид – Селта и Леванте – Еибар завршија без голови.

Во недела во дербито се среќаваат Севилја и Реал Мадрид.

На табелата водат Гранада, Севилја и Атлетико Мадрид со по 10 бодови, со тоа што Севилја има меч помалку. Барселона е седма со седум бодови.